Жозе Мурињо даде свој коментар за Лампард и неговото заминување од Челзи. Португалскиот стручњак изјави дека му е жал за секој тренер кој ќе добие отказ, особено за Френк. Тој напомена дека вакви работи се случуваат во модерниот фудбал, и дека денешните претседатели на клубови немаат толеранција доколку тренерот има лоши резултати во континуитет. Лампард во изминатиот ден и официјално беше отпуштен по 18 месеци на клупата на Челзи.
„Секогаш сум тажен кога еден од моите колеги ќе биде отпуштен. Френк не е само колега, туку важна личност во мојата кариера. Жал ми е. Но, фудбалот е таков, брутален. Кога ќе станете менаџер, знаете дека такво нешто порано или подоцна ќе ви се случи“, рече Мурињо.
Мурињо одговори и дали разговарал со Лампард по неговиот отказ од Челзи, па на тој начин да му понуди поддршка и да му даде до знаење дека секогаш ќе биде достапен за него.
„Мислам дека Френк не сака да разговара со мене или со некој што не е член на неговото семејство, или некој кој не е негов близок пријател.
Томас Тухел се очекува да го преземе клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

