Френк Лампард повеќе не е тренер на Челзи, а ваквата одлука на клубот и Роман Абрамович предизвика „лавина“ на коментари и анализи од фановите и спортската јавност. Покрај лошата игра на Челси, постојат неколку главни виновници за неговото заминување од Лондон. Како клучни конфликти кои се случиле во соблекувалната се споменуваат „дуелите“ меѓу Цезар Аспиликуета и Антонио Ридигер.
Сепак, и самиот Лампард е виновен, затоа што по летните трансфери на Тим Вернер, Каи Хаверк, Бен Чилвел, Едуардо Менди и Тијаго Силва, тој не успеа да ги елиминира играчите кои беа непотребни во тимот и да им посочи дека треба да си бараат нови клубови бидејќи нема да смета на нив. Ваквата неодлучност донесе голем број на играчи да бидат незадоволни поради малата минутажа, а незадоволните играчи секогаш се најголемиот проблем во соблекувалната. Англичаните ги гледаат Ридигер, како и Маркос Алонсо и Жоржињо како причина за создавање на најголемите проблеми во клубот.
Ридигер е еден од играчите што беше деградиран со статус на петти стопер, но бидејќи „сините“ не најдоа клуб за него, тој остана да тренира со првотимците. Германецот ја изрази својата нервоза преку конфликти со капитенот Аспиликуета, бидејќи не можеше да прифати дека Курт Зума ќе биде прва комбинација со Тијаго Силва во одбраната. Цезар имал неколку обиди да ја намали напнатоста, но како што веќе е познато, ваквите конфликти обично завршуваат „трагично“ кога ќе се најде некој кој ќе се обиде да ги неутрализаира расправиите. Капитенот најмногу им давал поддршка на момците од академијата на Челси, а тоа не им се допаднало на постарите играчи.
Ако сето ова се занемари, на крајот Лампард беше оценет според резултатите, а никој не беше полош тренер во ерата на Абрамовиќ, особено кога ќе се има во предвид дека малкумина имаа толку многу пари да потрошат на засилувања. Сепак, се чини дека проблемот не беа оние играчи што дојдоа, туку оние што останаа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

