ОФИЦИЈАЛНО: Томас Тухел назначен за нов тренер на Челси

Германскиот стратег Томас Тухел е назначен за нов тренер на Челси, потврдија од лондонскиот клуб. Тој со тимот од „Стенфорд бриџ“ потпиша договор во траење од две и пол години, а во Лондон доаѓа на местото на Френк Лампард кој поради лошите резултати во Премиер-лигата заработи отказ.

И за Тухел 2020 година не заврши баш најдобро, бидејќи по освојувањето на три трофеи во Франција и учество во финалето во Лигата на шампионите, заработи отказ од Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...