Кошаркарите на Куманово стигнаа до четвртиот триуфм во балканската БИБЛ лига, откако славеа на гостувањето кај Тиват со 83-90. Кумановци му се реваншираа на црногорскиот тим откако претходно на домашен терен доживеаја пораз од 78-83.
Прволигашот во текот на целиот меч го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на домаќинот да го загрози триумфот. Александар Андрејевиќ со 19 поени беше најпрецизен во таборот на Куманово. Дамјан Робев додаде 18 поени, а одличен беше и Отис Ливингстон кој покрај 16 поени, забележа и шест асистенции. Кај Тиват Петар Кусовац заврши со 20 поени.
По осум одиграни натпревари КК Куманово има по четири победи и порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА