Камер Чака ново засилување за Шкендија

Повремениот албански репрезентативец Камер Чака е претставен како нов фудбалер на прволигашот Шкендија. Тој во Тетово доаѓа од норвешкиот Конгсвингер каде ја помина последната полусезона, a претходно настапуваше за романската Универзитета Крајова.

„Одлично е чувството да се биде дел од Шкендија. Слушнав многу убави работи за клубот. Едвај чекам да заиграм и да го покажам мојот потенцијал“, изјави Чака за клупскиот сајт. 

Се вчитува...