Фенербахче продолжува со одличните партии во продолжението од сезоната во кошаркарската Евролига. Нова „жртва“ на избраниците на Кокошков беше израелската гордост, Макаби Тел Авив која ја поразија со 82-75. Израелците само во првата четвртина имаа предност во мечот (17-21), а останатите 30 минути пројдоа во доминација на тимот од Истанбул. Весели со 18 и Де Коло со 16 поени повторно беа најдобри поединци кај Фенербахче, додека кај Макаби се истакна Брајант со 18 поени.
Баерн Минхен во трилер натпревар славеше на гостувањето кај руски Химки со 93-95. По израмнети три четвртини игра, гостите подобро се снајдоа во финишот и стигнаа до нов триумф во елитното натпреварување. Повторно залудни беа 32 поени на Алексеј Швед кој беше најдобар стрелец на натпреварот, додека кај победникот Вилер Баб уфрли 25 кои ги надополни со осум скока и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА