Лидс Јунајтед стигна до триумф на гостувањето кај Њукасл со 1-2 во натпревар од 20. коло во англиската Премиер-лига. Гостите дојдоа до водство во 17. минута по голот на Рафиња, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел домаќините во 57. минута преку Алмирон израмнија на 1-1, но само четири минути подоцна Харисон повторно донесе водство за Лидс, што на крајот се покажа како доволно за нов триумф на избраниците на Марсело Биелса. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше заменет во 57. минута.
Со победата Лидс изби на 12. место на првенствената табела со 26 бода, додека Њукасл останува 16. со 19 бода.
Во вториот натпревар од 19 часот Вест Хем славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

