Одличниот Димитријевиќ го предводеше Хувентут до победа над Монако

Еден од најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар во победата на својот Хувентут над Монако од 79-72 во третото коло од втората фаза во Еврокупот.

Гостите подобро го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со четири поени 12-16. По ова следуваше серијата на Димитријевиќ кој за десет минути успеа да реализира дури 15 поени и на полувреме да се замине со минимална негатива од 38-40. Во второто полувреме продолжи одличната партија на Македонецот кој на крајот беше главен „виновник“ за третиот триумф на шпанскиот тим во групата Е.

Димитријевиќ мечот го заврши со 22 поени (5/8 за два, 3/3 за три и 3/4 слободни фрлања), надополнети со три скока и две асистенции.

Се вчитува...