Интер го доби Милан со 2-1 во неверојатен натпревар од четвртфиналето во Копа Италија. Дерби кое потсети на некои убави денов во италијанскиот фудбал и ни понуди буквално се. Ибрахимовиќ донесе водство за „росонерите“ 31. минута. Кон крајот на првиот дел следеше конфликтот меѓу Ибра и Лукаку кој заврши со жолти картони за двајцата фудбалери. Во вториот дел Златан доби втор жолт картон по што беше исклучен, а „нероаѕурите“ тоа одлично го искористија.
Прво Лукаку од пенал израмни на 1-1 во 71. минута, а голема победа за Интер донесе Кристијан Ериксен со својот прв гол за тимот вo 97. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА