Мартин Одегард и официјално е испратен на позајмица во Арсенал, потврдија од Реал Мадрид. Норвешкиот интернационалец бараше излез од „Сантијаго Бернабеу“ во потрага по минутажа, па затоа Арсенал беше одлична дестинација за него. На Артета му е потребен креативец и во Одегард го гледа решението за бледата сезона, па несомнено е дека 22-годишникот ќе ја добие потребната улога на „Емирати“.
Позајмицата е со траење до крајот на годината, а доколку од лондонскиот клуб бидат задоволни од услугите на младиот Норвежанец, можно е на крајот од сезоната неговиот договор да биде откупен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

