Согласно и претходните најави, Кочо Анѓушев денеска и официјално го известил ФК Борец дека во иднина се повлекува од финансирање на велешкиот прволигаш.
На денешниот состанок на раководството на клубот потврдено е дека компанијата Брако се повекува од натамошното финансирање. За истото веднаш се информирани и фудбаерите на клубот, кои добиваат дозвола за напуштање на клубот како слободни играчи.
Анѓушев неодамна на Собранието на ОФС Велес искажа незадоволство од состојбите во македонскиот фудбал, барајќи ФК Борец да биде вклучен поактивно во општинското собрание, а преку тоа и во највисокиот орган на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

