ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победи на Беласица и Борец, убедлив Скопје

Фудбалерите на Беласица забележаа победа од 2-0 на пријателскиот натпревар против второлигашот Кожуф во Гевгелија.

Идентичен триум запиша и Борец против Тетекс, победувајќи со головите на Стојан Стојчевски во 43. минута и Лука Трајковски во 75. минута.

Второлигашот од Боговиње, екипата на Дрита со 1-0 славеше против Слога Виница со погодокот од пенал на Амир Алији.

Лидерот во Втората лига – Запад, ФК Скопје, пак, убедливо со 6-1 победи против Кадино. Хет-трик за Скопје постигна Христијан Кировски а по еден погодок постигнаа и Мустафа Јусуф, Арсим Љамалари и Иво Јанакиевски од пенал. За екипата на Кадино единствениот гол е дело на Марио Благојевски.

Се вчитува...