Погба: Златан расист… ајде не зборувајте глупости

Пол Погба јавно застана во одбрана на Златан Ибрахимовиќ, откако дел од јавноста го обвини големиот ас за расизам по синоќешниот инцидент со Ромелу Лукаку за време на градското дерби меѓу Интер и Милан.

Шведскиот ас самиот ги демантираше ваквите обвинувања, а вечерва на негова страна застана и Погба, кој настапуваше заедно со Златан во Манчестер Јунајтед.

„Златан расист? Па тој ме сака толку многу што сигурно е последната личност за која би посмислил дека е расист. Ајде, не зборувајте глупости“, напиша Погба на своите профили на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...