Петар Мијовиќ повеќе не е тренер на Будуќност откако 38-годишниот стратег реши да си поднесе оставка од функцијата предводник на стручниот штаб на амбициозниот црногорски кошаркарски проект. Будуќност бележеше добри игри и резултати на стартот од сезоната, но пресудни се покажаа трите порази на последните четири натпревари, севкупно во АБА и во Еврокупот.
Поради ова, Мијовиќ синоќа поднесе оставка, заблагодарувајќи се на укажаната доверба што доби шанса како прв тренер на Будуќност во 2019 година.
„Будуќност е клуб во кој дополнително напредував во кариерата, ги усовршував тренерските вештини, така што го доживувам на посебен начин. Благодарам за довербата, но мојата одлука е донесена по долго размислување и желбата интересите на клубот да ги ставам пред личните“, порача Мијовиќ.
Главен фаворит за нов стратег на црногорскиот кошаркарски гигант е поранешниот тренер на Мега, Дејан Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА