Руски фудбалер убиен пред својот дом

Рускиот фудбалер Јегор Дробиш е убиен синоќа пред својот дом, на враќање од ноќно излегување.

21-годишниот Дробиш кој настапуваше за Иртиш од Омск, е убиен со убод со нож во срце. Бил во друштво на свој пријател, кој исто така е повреден и се бори во моментов за живот.

Фудбалерот и неговиот пријател биле под дејство на алкохол, а биле нападнати од непознати лица. Полицијата истакнува дека се уште не е познато мотивот за убиството.

Се вчитува...