Конор и Мејведер повторно во ринг: Нов спектакл – „борба“ на луксузна јахта!

Конор Мекгрегор повторно е заинтересиран да влезе во рингот, а каде и да има пари, се разбира тука е и Флојд Мејведер. Откако ирскиот борец беше поразен во октагон од Дастин Поарие, тој сака да направи нов чекор во друг спорт, да ги облече ракавиците и уште еднаш да се соочи со еден од најдобрите во историјата на спортот во боксот.

Флојд Мејведер е заинтересиран уште еднаш да ги измери силите со Мекгрегор, а нивниот реванш може да биде далеку поинтересен од првиот натпревар. Сега, и Конор има искуство во боксот, а локацијата на втората борба дополнително ќе го привлече вниманието на публиката!

Според најавите, Флојд и Конор ќе се борат на луксузна јахта каде само мал број навивачи ќе можат да купат билет за натпреварот, а за спектакалот да биде уште поголем, бродот ќе плови за време на нивната борба.

Блиски извори потврдуваат дека и двајцата борци се заинтересирани за овој бокс-меч, но ќе мора да се почека и официјална потврда. Поради повредите што му ги нанесе Поарие, Конор Мекгрегор нема да има лекарска дозвола за да се врати во октагонот на ММА борбите некое време, па ова ќе биде одлична можност да ја одржи својата форма и да го привлече вниманието на јавноста и фановите.

Првиот натпревар меѓу Мејведер и Мек Грегор се одржа во август 2017 година, а Флојд победи во 10-та рунда.

Се вчитува...