Вереничката на еден од најдобрите фудбалери на свет, Кристијано Роналдо, Георгина Родригез вчера го прослави 27 роденден. Португалецот не беше дел од тимот на Јувентус на мечот од Копа Италија против СПАЛ. Првично беше објавено дека тој добил заслужен одмор од тренерот Андреа Пирло, но медиумите во Италија пренесуваат дека Кристијано го искористил одморот прекршувајќи ги строгите ковид-прокотоли што важат за Италија.
Имено Георгина и Роналдо биле во ресортот Курмајер, кој е на 100 километри од Торино, иако во моментов е донесена одлука во Италија да не смее да се патува од еден во друг град. Парот најверојатно ќе се извлече и нема да добие казна, но дека направија голема грешка кажува фактот дека видеото кое што го споделија на социјалните мрежи од ресортот веднаш беше избришано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА