Откриен голем скандал – Две тенисерки добија доживотна суспензија

Единицата за интегритет во тенисот (ИТИА) одлучи да суспендира доживотно две тенисерки од Русија, поради нивната вклученост во местење натпревари. Како што објави оваа организација, Алија Мердеева и Софија Дмитријева повеќе нема да имаат право да се натпреваруваат на професионални турнири бидејќи е докажано дека тие биле дел од неколку наместени натпревари.

Мердејева беше прогласена за виновна за договорени два натпревари, додека Дмитријева, договорила дури шест, беше прогласена за виновна и за одбивањето да соработува со истражителите и полицијата.

Иако не беше соопштено кои мечеви биле наместени, потврдено е дека еден од нив бил оној каде Мердејева и Дмитријева играле како партнерска двојка.

Двете тенисерки најчесто играат на турнири од пониска категорија во Африка, Турција и Источна Европа. Ниту една од нив немаше забележителен успех, бидејќи 23-годишната Мердејева беше 928. на тениската листа, додека Дмитриева, три години постара, беше 1.191. тенисерка во светот.

Се вчитува...