Хрвоје Хорват е нов селектор на хрватската ракометна репрезентација, потврдија ракометната федерација на оваа држава. ХРС ја прифати оставката на Лино Червар кој на управниот одбор му предложи три кандидати за свој наследник, Хрвоје Хорват, Ивано Балиќ и Славко Голужа, а одлуката падна на тренерот на Нексе.
„По исцрпна расправа и детални анализи секој од понудените кандидати, утврдено е дека Ивано Балиќ нема потребна диплома за обавување на функцијата. Од двата преостанати кандидати Управниот одбор одлучи да го задржи контиутетот на во работата на репрезентацијата и затоа донесе одлука за именување на Хрвоје Хорват за нов селектор на репрезентацијата“, стои во соопштението на федерацијата.
Хорват на последните три натпреварувања беше помошник на Червар, а одлично резултати оствари и со Нексе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА