Три години од првиот блесок на Елиф Елмас… се останато е историја (видео)

Најголемиот талент на македонскиот фудбал, Елиф Елмас, на денешен датум пред три години го имаше својот прв настап на големата сцена, дебитирајќи за Фенербахче на дерби-дуелот против Трабзон.

Фенер успеа да го доведе Елмас во своите редови од таборот на Работнички, а потоа се чекаше Елиф да наполни 18 години за да има право за настап за првиот тим на „сино-жолтите“. Талентот беше препознатлив веднаш, па „дијамантот“ доби шанса да блесне на дербито со Трабзон, влегувајќи во игра во 64. минута.

Сето останато е добро познато, како што минуваше времето Елмас се повеќе и повеќе импресионираше во дресот на Фенербахче, што придонесе тој во летото 2019 година да биде продаден во Наполи за 16 милиони евра.

 

Се вчитува...