Шкупи и официјално стави потпис на договорот со новиот тренер, Хасан Озер кој максимално амбициозно веднаш најавува атак на чаирчани на титулата оваа година, но потоа и влез во групната фаза од Лигата на Европа
„Почестен сум што добив повик да водам клуб со голема традиција, кој од година во година сака да се врати на местото каде што припаѓа. Задоволен сум каков тим имам во Анталија, добро работиме но има голем простор за напредок. Го презедов Шкупи со единствена амбиција да бидеме шампиони, да ја освоиме титулата, а потоа втора цел е влез во групната фаза од Лигата на Европа. Секако во битката за титула имаме голем конкурент во Шкендија. но ништо не е невозможно“ – истакна Озер по потпишувањето на договорот со Шкупи.
Хасан Озер претходно, како асистент, работел во голем број клубови во најсилната лига на Турцијаа, меѓу кои Газиантеп, Манисаспор, Бурса, Ризеспор, Кајзериспор. Минатата година го водеше и босанскиот прволигаш Челик од Зеница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

