Фенербахче се пробива во првата половина од табелата во Евролигата, откако стигна до 13-та победа во најсилното европско клупско натпреварување.
Во 23-от свој натпревар, турскиот тим убедливо славеше со 76-107 на гостувањето против Химки.
Фенербахче го декласираше „фенерџијата“ во меч во кој шест гостински кошаркари имаа двоцифрен ефект. Меѓу нив, Нандо Де Коло со 18 поени, а Лоренцо Браун запиша 17 поени. Кај домашните Алексеј Швед беше извонреден со 29 поени и пет асистенции, но не можеше сам против расположените Турци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

