Алушовски: Одбраната е во ред, но послаб дел е нападот

Вардар со победа над Војводина (25-21) во СЕХА-лигата означи старт на официјалните натпревари во новата година.

Прв натпревар за „црвено-црните“ по два месеци, од кој стратегот Стевче Алушовски искажа задоволство од триумфот иако гледа простор и за дополнителен напредок на играта.

„Прв натпревар за нас по долго време, секако дека има елементи од играта да се поправат, но им честитам на ракометарите за триумфот. Примивме 21 гол и може да кажам дека сум задоволен сум од играта во одбрана, но повторно послаб дел е нападот. Во секој случај, играчите испочитуваа голем дел од договореното и задоволен сум затоа што победивме во меч по скоро два месеци. Ни следат натпревари со Нексе и Порто, и мора фокусот да биде кон тиие дуели“ – изјави по мечот Алушовски.

Вардар пред себе има пеколен февруари. Најпрво на почетокот од следниот месец гостува на Нексе а потоа следат натпреварите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...