Барселона го доби повеќе од драматичниот натпревар од Евролигата против Олимпијакос во Атина со 74-76, благодарение на двете успешно реализирани слободни фрлања на Хигинс на шест секунди пред крајот.
Во мечот со многу пресврти, Олимпијакос имаше предност на стартот од последниот период, но каталонскиот тим успеа да дојде до пресврт. Спанулис на три секунди имаше обид за три поени да обезбеди победа за својот тим, но не успеа.
Никола Миротиќ беше најдобар кај Барселона со 16 поени, дополнети и со пет скока, а Кори Хигинс заврши со 14 поени. Кај Олимпијакос, Шекил Меккисик запиша 18 поени, но недоволно за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА