МЗТ Скопје по двата порази на „балонот“ во АБА2 лигата им се врати на победите со триумф во Аеродром против новалијата ТФТ со 91-78 во заостанатиот натпревар од четврото коло. Избраниците на Ѓорѓи Кочов на овој натпревар успеаа да го исконтролираат скокот и да ја запрат брзата транзиција на гостинскиот тим, а во нападот блесна и шутот за три поени, од каде „сино-белите“ постигнаа 39 поени.
Убедливо најрасположениот во редовите на актуелниот шампион беше капитенот Дамјан Стојановски кој го предводеше својот состав со 30 поени, 7 скока, од кои 4 во нападот, две асистенции и две украдени топки, притоа без „продадена“ топка.
„Битна победа после два порази во АБА лигата каде што ни беше и психолошки терет, но морам да ги пофалам ТФТ кои се одлична организација, имаат сериозен тим и не ни беше нималку лесно да ги победиме. Пријатно изненадување и за нив имам само пофални зборови. На крајот целата екипа го одлучи дуелот со добрата одбрана“ – изјави за ЕКИПА, капитенот на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА