Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко е на излезна врата од Рома поради конфликтот што го има со тренерот Пауло Фонсека. Одличниот напаѓач е на мета на неколку европски гиганти, а во трката влегува и премиер-лигашот Манчестер Јунајтед.
Тој треба да го засили нападот на „црвените-ѓаволи“ во походот кон титулата каде би требало да им помогне на Единсон Кавани и Ентони Марсијал. Покрај Манчестер Јунајтед во игра за потписот на Џеко се и Челси, но во игра се и италијанскиот Интер и шпанскиот шампион Реал Мадрид.
Џеко во Рома забележа 224 настапи на кои постигна 114 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

