Како Роналдо стана најдобар – „Дечко па ти си за во циркус“

Кристијано Роналдо ќе биде запомнет како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Португалецот со полни 35-години уште руши рекорди, а нема ни намера да престане. Неговиот договор со Јувентус истекува во 2022 година, па нема да не чуди да продолжи и до 40 години, без разлика дали тоа е во Торино или на некое друго место.

Освојувачот на три Златни топки и ред други признанија поседува огромно его, нешто што е воочливо и на самиот терен, на истото се присети и Рио Фердинанд, кој го делеше теренот со Португалецот во Манчестер Јунајтед, па се одлучи да открие една интересна случка од тренинг центарот каде настанала кавга помеѓу Роналдо и Руд ван Нистелрој.

„Роналдо беше неверојатен талент и обожаваше да ја забавува публиката. Сакаше да прави „трикови“, често го фаулираа и пцуеа поради тоа, а се сеќавам на еден момент, кој тој не го сфати добро. Тогаш во Манчестер главен човек беше Руд и ги постигнуваше сите голови за тимот. Роналдо ја имаше топката на крило и почна да прави „трикови“, а Руд се втрча на 16 метра. Роналдо не му додаде па Руд полуде и викаше ‘Он треба да биде во циркус, не на терен’, па излезе надвор на сред тренинг. Роналдо беше многу вознемирен и не сфати зошто така му говореше. Имаше 18 или 19 години тогаш, а повеќето играчи по тоа би ја изгубиле самодовербата. Други би продолжиле да го прават истото и по тоа, но Роналдо знаеше дека Руд е во прво, па потоа почна да брка статистики и да дава голови“ – изајви Фердинанд за англиските медиуми.

 

 

Се вчитува...