Актуелниот европски шампион Шпанија го предизвикува светскиот шампион Данска во второто полуфинале на Мундијалот во Египет. Данците останаа во игра за трофејот по неверојатната трилер победа над Египет. Од друга страна Шпанците во неверојатен натпревар успеаја да го елиминираат првиот фаворит пред стартот на шампионатот Норвешка.
По ремито со Бразил во првото коло на шампионатот, Шпанците од меч во меч ја креваат формата и во моментов се први фаворити за освојување на шампионатот.
„Победата над Норвешка е многу важна за нашата самодоверба и тоа што се вративме меѓу четирите најдобри на Светските првенства. Да се биде во полуфинале на Светско првенство е многу важно за шпанскиот ракомет. Данска е актуелен шампион и тоа се кажува за нив. Ќе биде тежок натпревар“, изјави селекторот на Шпанија, Жорди Рибера.
Данска во четвртфиналето се извлече против домаќинот Египет и на луд начин остана во игра за одбрана на титулата.
„Шпанија е тим кој сака да напаѓа и да игра убав ракомет. Тоа значи дека и за нас ќе се отвори поголема шанса за напад. Мораме тоа да го искористиме и да се пласираме во ново финале, иако воопшто нема да биде лесно“, изјави бекот на Данска, Матијас Гидсел.
Натпреварот меѓу Шпанија и Данска кој ќе се игра во Каиро е закажан за 20:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА