Лукаку казнет за војната со Ибра, го пропушта полуфиналето со Јувентус

Ромелу Лукаку нема да може да настапи за Интер на полуфиналето од Купот на Италија против Јувентус, откако „џинот“ на „нероаѕурите“ беше казнет за инцидентот со Златан Ибрахимовиќ на дуелот со Милан.

Двајцата голгетери влегоа во жесток конфликт на самиот крај од првото полувреме, соиграчите го држеа Лукаку да не тргне во тепачка со Ибракадабра, судијата им покажа жолти картони, но Дисциплинската комисија го оцени однесувањето на двајцата фудбалери како агресивно, изрекувајќи им и на двајцата суспензија од по еден натпревар.

Интер е попогоден од целата ситуација бидејќи суспензијата се однесува на Купот на Италија, што значи дека Лукаку ќе го пропушти полуфиналето со Јуве, додека Ибрахимовиќ својата казна би ја одлежал во првиот меч од Копа Италија во сезоната 2021/22.

Се вчитува...