Уште еден ас на Милан го победи коронавирусот

Милан ќе биде дополнително засилен за утрешниот натпревар против Болоња откако Хакан Чалханоглу го победи коронавирусот и му се стави на располагање на тренерот Стефано Пиоли. Турскиот плејмејкер е еден од најстандардните во дресот на „росонерите“, а неговото отсуство сериозно се почувствува при последните два порази, од Аталанта во „Серија А“ и од Интер во рамките од Купот на Италија.

Сепак, Чалханоглу денеска го доби и вториот негативен тест на Covid-19, што според протоколите значи и крај на решението за самоизолација. Се очекува овој фудбалер вечерва да тренира со остатокот од тимот , а потпиа и да се најде на списокот на патници за гостувањето во Болоња. Во текот на изминатата седмица коронавирусот го победија и Ребиќ, Круниќ и Хернандез, значително намалувајќи ги главоболките на Пиоли во пресрет на наредните натпревари.

Милан моментно е лидер на табелата во Калчо-лигата, со два бода предност во однос на второпласираниот Интер. „Росонерите“ исто така се пласираа и во нокаут фазата од Лигата на Европа, каде прв ривал ќе им биде Црвена Звезда.

Се вчитува...