Фиорентина и со девет фудбалери „преживеа“ во Фиренца

Фиорентина направи подвиг на гостувањето против Торино, стигнувајќи до реми (1-1) иако гостите од Фиренца го завршија овој натпревар со девет фудбалери на теренот, по црвените картони што ги заработија Кастровили и Миленковиќ.

Првото полувреме заврши без поголеми возбудувања, а Торино имаше играч повеќе на теренот од 61. минута, кога судијата му го покажа патот кон соблекувалната на Кастровили. Изненадувачки, шест минути подоцна Фиорентина беше тимот што поведе, ветеранот Франк Рибери одлично се снајде и го најде патот до мрежата на домашниот состав. „Виолетовите“  во 72. минута се соочија со нов проблем, останувајќи со двајца играчи помалку по црвениот картон на Миленковиќ.

Торино трипати ја погодуваше рамката од голот на гостите, за конечно да стигне до израмнување благодарение на голот на Белоти во 89. минута од натпреварот.

Се вчитува...