Тони Кукоч и Дино Раџа во мега интервју говореа за деновите во Југославија и како било тоа да се игра кошарка во малите сали ширум поранешната држава.
„Во Шибеник, Задар или Чачак не влечеа, не плукаа. Во НБА лигата тоа е невозможно да се случи. Кога игравме во Чачак не предупредија за еден човек со чадор во публика. На почеток не сфативме за што станува збор, но потоа видовме дека тој со рачката од чадорот всушност ги влече противничките кошаркари. Буквално имаше се во Југославија. Еднаш кога игравме дома водевме петнаесет или дваесет поени, а некој од нашите навивачи го изгаси светлото во салата. Затоа кога ќе отидеш во НБА, ништо не може да те исплаши. Тоа што се случуваше тој период во Југославија, па во САД Ќе беше прогласено за терористички напад“, велат Раџа и Кукоч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

