Надал: Во Мелбурн дојдов со желба за освојување на титула

Рафаел Надал, по двонеделен карантин во Аделаида пристигна во Мелбурн и има намера да ја нападне титулата на Австралија опен. Шпанскиот тенисер, пристигна во градот каде што го чека АТП-купот на 2 февруари и првиот грен слам во сезоната, кој е предвиден да започне на 8-ми истиот месец.

По пристигнувањето во Мелбурн, Рафа уште еднаш испрати порака до навивачите, а истата гласи дека оваа година ќе биде „плодна“ со нови титули во неговата колекција.

„Од Мелбурн, каде пристигнавме доцна синоќа, сакам да им се заблагодарам на луѓето од Аделаида и Јужна Австралија. Благодарност и на ТС Австралија за одличната организација вчера и на луѓето што дојдоа да гледаат. Беше одлично да се игра пред публика, да се забавува, да се ужива. Ви благодарам многу и се надевам дека ќе се видиме повторно и заедно ќе се радуваме на уште многу мои титули“, рече Надал.

По егзибицискиот натпревар и победата над Доминик Тим (7: 5, 6: 4), Шпанецот најпрво го искажа своето задоволство бидејќи натпреварот се играше пред публиката.

„Ова беше тешка година за сите нас. Силно не погоди пандемијата во Шпанија и светот. Сè уште сме во тешка ситуација и мислам дека Австралија напредува многу добро, и честитам на оваа земја за контролата над пандемијата. Последните две недели беа добри, дури и во карантин, но тоа се работи што мора да ги прифатиме, да ги направиме, благодарам на Тениската федерација на Австралија. Неверојатно е да се игра во Аделаида пред сите овие луѓе“, рече Надал.

Рафа изјави дека верува и дека може уште еднаш да го повтори успехот од пред 12 години, кога во својата кариера го освои единствениот Австралија опен.

„Се надевам дека сум подготвен повторно да победам. Јас го освоив трофејот тука во 2009 година и се обидов многу пати после тоа. Сè уште ја имам таа страст кон тенисот, уживам во тоа. Среќен сум, се натпреварувам пред публиката, навивачите. Ни требаат вакви моменти “, изјави Шпанецот.

Се вчитува...