„Очајниот“ Ливерпул има се помалку време – Клоп тргнува по четвртиот дефанзивец на Вест Хем?

Повредата на Фабињо ги поремети плановите на „Енфилд“, па Јирген Клоп сега по секоја цена сака да воеде нов стопер до крајот на зимскиот трансфер рок, кој во ротацијата ќе го надомести отсуството на Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез. Голема желба на германскиот стратег сега е дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп.

Французинот падна во втор план кај Дејвид Мојс, тој е тек четврти избор по Огбона, Доусон и Балбуена, па Ливерпул ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и во своите редови да го доведе 24-годишникот. Проблемот кој се јавува во овој поглед на желбата на двата клуба. Ливерпул сака да го доведе Диоп на необврзувачка позајмица до крајот на сезоната, додека лондонскиот состав бара откуп на неговиот договор на крајот на сезоната и тоа за минимум од 20 милиони фунти.

На Клоп до крајот на трансфер рокот му преостануваат уште два дена, а како алтернативи на листата „пет до дванаесет“, се наоѓаат уште Шкодран Мустафи од Арсенал и Глејсон Бремер од Торино. Како ќе заврши сагата и за кое привремено решение ќе се одличат „црвените“ останува да видиме во следните денови.

Се вчитува...