Инцидент во Охрид: Четири црвени картони на мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички

Голем инцидент ни донесе првото полувреме на пријателскиот меч меѓу Струга Трим и Лум и Работнички кој се игра на „Билјанини извори“ во Охрид. Имено во 32. минута дојде до инцидент меѓу Ѓуриќ и Цаке од Струга и браќата Марио и Лука Станковски, по кои главниот судија на мечот им покажа директен црвен картон.

Во моментов се игра вториот дел од мечот, а резултатот е се уште почетниот 0-0.

Се вчитува...