Њукасл го шокираше Евертон на „Гудисон парк“ со 0-2 во премиерниот натпревар од 21. коло во англиската Премиер-лига. Евертон во ниту еден момент не покажа зошто е фаворит, а на крајот Њукасл заслужено стигна до големи три бода во борбата за опстанок.
Калун Вилсон донесе водство во 73. минута, а истиот фудбалер во 93. ги постави конечните 0-2. Евертон останува на седмата позиција на првенствената табела со 33 освоени бода, додека Њукасл е 16. со 22 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

