Асистенција на Барди – Реал е на колена пред Леванте (видео)

Енис Барди продолжува со одличните игри по камбекот по незгодната повреда на грбот, откако македонскиот ас влезе како резерва на гостувањето против Реал Мадрид и блесна со асистенција до Марти за водство на Леванте од 1-2 против актуелниот шампион.

Барди влезе во 60. минута, а 18 минути подоцна нашиот интернационалец одлично се снајде по еден корнер, упати ниско додавање до Марти, кој го матираше Куртоа за огромна радост на гостинските фудбалери на ова исклучително тешко гостување.

Се вчитува...