Леванте стигна до шокантен триумф над Реал Мадрид од 1-2 во натпревар од 21. коло од шпанската Ла лига. Еден неверојатен меч кој ни ја донесе буквално целата убавина на фудбалот. Од прекрасни потези, преку црвени картони и пенали, па се до судиски грешки.
Едер Милитао по голема глупост уште во 9. минута ги остави на цедило соиграчите, откако по еден фаул доби директен црвен картон. Асенсио набрзо по црвениот во 12. минута донесе водство за „кралевите“ од 1-0, а до крајот на првиот дел Моралес во 32. израмни на 1-1. На крајот на полувремето Роџер со крампон го удри Варан во главата, но главниот судија на мечот одлучи да не му покаже ниту жолт картон на играчот на Леванте.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 60. минута и веднаш се виде разликата која ја донесе на теренот. Прво беше досуден пенал за Леванте во 60. минута кој не го искористи Роџер, но 18. минути подоцна по брилијантната асистенција на Енис Барди токму Роџер донесе триумф за тимот од Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

