По победата над Војводина, Вардар на домашен терен ќе го пречека и хрватскиот Нексе во СЕХА лигата. Бекот на „вардарци“ Ловро Јотиќ очекува одличен натпревар против Нексе и најавува овој дуел да биде увертира за обврските кои ги чекаат „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.
„Мило ми е што се собравме сите. Се вратија и ракометарите кои беа во Египет. Немаме проблеми со повреди, освен нешто ситно Дисингер, но и тој ќе се врати брзо. Мислам дека доаѓањето на нов тренер нема премногу да промени бидејќи само два дена е со нив и нема многу време. Се знаеме добро со нив. Тие знаат доста за нас. Мислам дека нема да биде ни блиску како првиот натпревар, бидејќи тие тогаш беа повоиграни од нас. Очекувам победа и нека Нексе биде добра увертира за почеток на згуснатиот распоред во Лигата на шампионите“, изјави Јотиќ.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра во понеделник во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА