ФК Пелистер: Се оградуваме од било какви заткулисни игри… Ако некој има сознанија за нерегуларности да пријави во ФФМ и МВР

Фудбалскиот клуб Пелистер се огласи со соопштение по повод нападот на навивачката група „Чкембари“ кон раководството за денешниот меч против ФК Охрид. Од Пелистер велат дека не се повразни со никакви игри и дека било кој ако има сознанија за нерегуларности тоа да го пријави во ФФМ и МВР.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФК Пелистер.

„По повод реакциите на битолската јавност после денес одиграниот контролен натпревар меѓу ФК Пелистер и ФК Охрид во Струга, Управата, стручниот штаб и играчите на нашиот клуб се оградуваме од било какви задкулисни игри. Ако некој од навивачката група Чкембари, или друг љубител на фудбалот има било какви сознанија и докази за нерегуларности на денешниот натпревар и инволвираност на ФК Пелистер, ги повикуваме истите да поднесат соодветни пријави до надлежните органи во Фудбалската федерација на Македонија и до МВР. Овој ФК Пелистер како во минатото, така и на денешниот натпревар, а и во иднина ќе продолжи сите свои резултати да ги остварува чесно и спортски на зелениот терен“, стои во соопштението од ФК Пелистер. 

Се вчитува...