Рашфорд е новата жртва на расизам: „Да, црнец сум и горд сум на тоа“

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е најновата жртва на расистички напади во Англија. Младиот фудбалер беше навреден на расна основа на социјалните мрежи по одиграното реми на неговиот тим со Арсенал (0-0).

Јунајтед синоќа играше без голови на „Емирати“, Рашфорд го одигра целиот натпревар, а после тоа, беше расистички навреден од непознати лица.

“Да, јас сум црнец и живеам гордо како таков секој ден. Ниту еден од коментарите нема да ме натера да се чувствувам поинаку. Жал ми е ако се надевавте дека ќе бидам тажен и изнервиран, едноставно тоа нема да ви успее”, напиша Рашфорд на Твитер.

Англискиот репрезентативец е само уште еден во низата познати играчи кои се соочуваат со расизам, кој веќе долго време владее во Англија и очигледно не може да се искорени.

Се вчитува...