Последниот натпревар од 13. коло во Првата лига за овој викенд ќе биде одигран во Гевгелија каде Кожув го пречекува МЗТ Скопје од 17 часот и 30 минути. Двата тима на овој дуел влегуваат по победата во претходното коло над МЗТ 2, односно ТФТ па целта ќе биде продолжување на победничката серија и факање учинок со горниот дел од табелата.
Натпреварите помеѓу Кожув и МЗТ Скопје ретко кога разочаруваат па се надеваме дека така ќе биде и денеска. Во последните пет меѓусебни дуели двата бода заминуваа во рацете на „сино-белите“, но на четири од нив победникот се одлучуваше во последната минута. Така беше и на првиот дуел оваа сезона, одигран во СЦ „Јане Сандански“ па тоа ќе биде дополнителен мотив за избраниците на Јончевски, кој и самиот е дополнително мотивиран за дуелите со својот поранешен клуб.
Во центарот на вниманието денеска повторно ја имаме центарската и бековската линија каде на едната страна се наоѓаат Никола Силаџи и Диимтар Караџовски, а на другата Феми Олуџоби и Андреј Магдевски. Клучна улога на овој натпревар може да има шутот од далечина и „меч-апот“ помеѓу Марко Симоновски и Дамјан Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА