Најдобриот словенечки борец Урош Јуричиќ дебитираше за промоција на „КСВ“ и претрпе пораз, но хаосот што следеше по мечот ќе се прераскажува повеќе од натпреварот. Според поените, судиите му ја доделија победата на русинот Шамил Мусаев. Беше очигледно дека Урош го прифати поразот, а тогаш кога мислеше дека ќе добие чесатитка од противникот, Шамил физички го нападна.
Русинот дојде кај Јуришиќ и го прегрна, а Урош сметаше дека тоа е честитка, но не излезе така. Тоа беше напад. Мусаев го совлада на земја, а потоа почна да го удира. Членовите на двата тима „скокнаа“ во рингот за да ги разделат.
Видеото е споделено на сцоијалните мрежи, а од истото може да се види дека имало комуникација помеѓу членовите на двата тима, но може да се види дека некој премногу провоцирал, па навистина никој не може ни да замисли што го навело Мусаев на ваква реакција по завршувањето на натпреварот.
Musaev vs Jurisic post fight brawl at #KSW58 pic.twitter.com/GtYldLdlpq
— Jan Niwiński (@Miszonowski) January 30, 2021
The unofficial 4th Round between Shamil Musaev & Uros Jursivic#KSW58 #MMA #MMATwitter pic.twitter.com/pz6J7REfT2
— Jason Hagholm (@JHagholm1) January 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА