Хенрик Кристоферсен победи на слалом трката во Светскиот куп во алспко скијање која денеска се возеше во францускиот Шамони. Норвежанецот до победата стигна со вкупно време од 1:37.81 минута, што беше за 28 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Рамон Ценхаузер.
Третото место му припадна на уште еден Швајцарец, феноменалниот Сандро Симоне кој по првата трка беше на триесеттата позиција. Следната недела најдобрите скијачи во светот се селат во германскиот Гармиш Партенкирхен каде на програмата се трките во супервелеслалом и спуст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА