Прволигашот Ренова славеше со 6-1 на пријателскиот натпревар против второлигашот Велешта кој се играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Ремзифаик Селмани го стартуваше мечот одлично и со два гола во 6. и 18. минута донесе водство од 2-0 за „гипсарите“. До полувремето Ален Јашаровски зголеми и на 3-0.
Во вториот дел истиот фудбалер донесе водство од 4-0, по што следуваше гол за Велешта и намалување на 4-1. До крајот стрелаа уште и Амар Емурли во 76. и Ерен Мемеди во 85. минута за конечни 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА