Удинезе забележа важна победа во битката за опстанок во Серија А, откако денеска во 21. коло славеше на гостувањето кај Специја со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 52. минута кога најдобриот фудбалер на клубот од Удине, Де Паул реализираше пенал.
До крајот за издвојување се и црвените картони кои ги добија токму Де Паул за Удинезе во 76. минута, како и Сапонара од таборот на домаќините во 86. Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски не доби шанса на овој натпревар.
Удинезе со овој триумф се искачи на 13. позиција на првенствената табела со 21 бод, односно три повеќе од денешниот противник кој е 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА