Џенова стигна до убедлива победа против Кротоне од 0-4 во натпревар од 20. коло во италијанската Серија А. Матеја Дестро во 24. и Чибора во 29. уште во првите половина час ги разрешија сите дилеми околу победникот, а во вториот дел Дестро со својот втор гол во 51. минута ги постави конечните 0-3. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев во игра влезе во 71. минута.
Со овој триумф Џенова се искачи на 14. позиција на табелата со 21 бод, додека Кротоне останува зацементиран на дното со 12 бода.
Лацио со 1-3 славеше на гостувањето кај Аталанта во дербито на 20. коло во Серија А.
РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 20 КОЛО:
Аталанта – Лацио 1-3
Кротоне – Џенова 0-3
Калјари – Сасуоло 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА