Дарио Ивановски со резултат 3:44.98 минути во дисциплината 1500м го подобри македонскиот рекорд за 48 стотинки кој беше во негова сопственост. Со овој резултат тој дојде до норма за Европско првенство во сала за Сениори-ки кое ќе се одржи во месец март годинава, а за кое изминатиот викенд и Јован Стојоски во дисциплината на 400м ја исполни нормата .
Резултатот на Дарио Ивановски постигнат денес вреден 1088 бодови, воедно е и највреден постигнат резултат во историјата на македонската атлетика , согласно ИААФ бодовната таблица .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА