МЗТ Скопје стигна до петиот триумф во сезоната откако во 13. коло славеше на гостувањето во Гевгелија против Кожув со 65-82. „Сино-белите“ одиграа одлично во второто полувреме во кое го контролираа скокот, а преку агресивната одбрана го лимитираа домаќинот на 21 постигнат поен и сосема заслужено стигнаа до победата.
Избраниците на Јончевски ги служеше шутот за три поени на отварањето на средбата па брзо ја земаа иницијативата. Кожув одигра добра одбрана под својот рекет каде што ги запре пробивите на „сино-белите“, а гевгеличани го контролираа и скокот па избраниците на Кочов беа приморени да се осврнат кон шутот од далечина. „Сино-белите“ адекватно одговорија, но Кожув ја задржа предноста и по 10. минути игра поведе со 25-21. Изедначената игра продолжи до самото полувремето, до кое МЗТ Скопје заигра далеку подобро под противничкиот обрач, додека Кожув се одржуваше во игра преку шутот за три поени па на семафорот стоеше резултат 44-46.
Преку добрата одбрана и шутот за три поени, МЗТ Скопје на почетокот на второто полувреме стигна до двоцифрена предност (44-59). Кожув возврати со добра игра во рекетот, но гевгеличани не успеаја да го пренесат и добриот шут зад линијата 6,75 па аеродромци ја задржаа високата предност (52-64). Добриот моментум на „сино-белите“ продолжи до крајот на натпреварот, па избраниците на Кочов одиграа рутински и не му дозволија на домашниот состав да се врати во средбата.
Џошуа Скот беше првото име во редовите на Кожув со 19 поени и 8 скока, додека Никола Станојевиќ додаде 15 поени и 4 скока. Феми Олуџоби беше незапирлив кај гостите со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока, Бојан Крстевски додаде 15 поени и 5 скока, Хасани Гравет натпреварот го заврши со 14 поени и 5 скока, додека Иван Карачиќ додаде 12 поени и 3 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА