Женската кошаркарска репрезентација на Македонија нема да настапи на претстојниот квалификациски турнир за Евробаскет 2021 што од 1 до 6 февруари ќе се одржи во Рига, по позитивните случаи во редовите на нашиот национален тим непосредно пред тргнувањето за Летонија.
„Црвено-жолтите“ ги одржаа подготовките во Охрид, досегашните резултати на тестирањата беа негативни, па затоа шокантно дојде информацијата за двајца позитивни членови на нашиот национален тим, членови на стручниот штаб на репрезентацијата. Со оглед на фактот дека ова се случи на неколку часа пред тргнувањето кон Белград, од каде требаше да се лета за Рига, но и поради стравот од нови случаи во наредните денови, Македонија сепак нема да учествува на овој квалификациски турнир.
„Раководството на нашата федерација веќе е во постојана комуникација со ФИБА, поточно со генералниот секретар, Камил Новак. И во периодот кој следува, комуникацијата на највисоко ниво ќе продолжи. Ќе се бара најдоброто решение за заштита на здравјето на сите кои се дел од нашиот женски национален тим“, информираат од КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА